Техеран има ураниум за 5 нуклеарни бомби

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иран мора да го направи првиот чекор кон подобрување на односите со земјите од регионот и со САД, со тоа што јасно ќе стави до знаење дека нема за цел да развие нуклеарно оружје, изјави денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток на Светскиот економски форум во Давос, тој изрази надеж дека Иран ќе се ангажира конструктивно со другите земји во регионот.

Во врска со Појасот Газа, Гутереш рече дека се надева оти конфликтните страни ќе разберат дека ќе имаат корист од траен прекин на огнот што може да го отвори патот за преговори за решение со две држави.

Тој, исто така, ја повика меѓународната заедница да ги ублажи санкциите кон Сирија.

Претходно, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Иран моментално има околу 200 килограми ураниум, збогатен до 60% чистота.

Гроси им рече на новинарите на економскиот форум во Давос дека ова е блиску до 90% чистота што е потребна за производство на нуклеарно оружје.

Според стандардите на МААЕ, оваа количина на ураниум би била доволна за да се направат 5 нуклеарни бомби.

Гроси нагласи и дека неодамнешното забрзување на процесот на збогатување ураниум до ниво од 60% му овозможи на Иран да ја зголеми стапката на производство седумпати во споредба со претходниот период.

Share This Article