Бројот на загинати од тајфунот „Дуџуан“ во Јапонија се искачи на девет, објавија денеска јапонските медиуми. Во меѓувреме, спасувачките екипи во префектурите Чиба и Канагава, источно од Токио, сè уште трагаат по четворица исчезнати луѓе.
Додека „Дуџуан“ беснееше низ Јапонија во понеделникот и вторникот, околу 46.000 домаќинства останаа без електрична енергија; смртни случаи беа регистрирани во префектурите Чиба и Канагава, во регионот Канто на островот Хоншу.
Беа откажани стотици летови и железнички линии, а беа издадени и препораки за евакуација за нешто помалку од два милиони луѓе.
Поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од 25-тиот тајфун во сезоната нанесоа значителна штета на префектурата Чиба, која претходно беше погодена од невремиња и на почетокот на овој месец и во август.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
