Background

СВЕТСКИТЕ РАЗВОЈНИ БАНКИ НАЈАВИЈА ЗАСИЛЕНО ФИНАНСИРЊЕ ПРОЕКТИ ЗА КРИТИЧНИ СУРОВИНИ

Мултилатералните развојни банки воспоставија нова рамка за соработка со цел да ја засилат заедничката поддршка за снабдување со критични суровини.

Во заедничкото соопштение на Светска Банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Интерамериканската банка за развој, Азиската банка за развој и Африканската банка за развој, се наведува дека тие ќе соработуваат долж синџирот за критичните суровини – од ископ на руда и преработка до производство и рециклирање.

„Мултилатералните развојни банки (MDB) ќе ја унапредат практичната соработка во врска со еколошките и социјалните барања што се применуваат за активности поврзани со металите и минералите, со фокус на рударството. Целта е да се идентификуваат областите на конвергенција, да се промовира добра меѓународна индустриска практика релевантна за рударството, најдобри практики за преработка и производство и да се прошири меѓусебната доверба таму каде што институционалните рамки дозволуваат“, пишува во документот.

- Advertisement -
Ad image

Инаку, една од развојните банки е веќе присутна со свој удел во рударски проект во Македонија. Станува збор за инвестицијата во проектот за бакар „Иловица-Штука“, кој започнува во 2004 година со геолошки истражувања. Како што тогаш соопшти инвеститорот, проектот е дизајниран како модерен рудник кој ги имплементира принципите на Агендата на ОН 2030 за одржлив развој, а вклученоста на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), означува дека се имплементираат строгите критериуми за изведба, кои вклучуваат еколошка и социјална оддговорност, одржливи практики и ангажман на сите засегнатите страни.

Проектот тежи околу 350 милиони евра и беше најавен како најголема гринфилд инвестиција во Македонија.

Шесте светски развојни банки пак, истакнаа дека нивната соработка може да вклучува и техничка размена и идентификување на соодветни практики во рударството, преработката и производството што се однесуваат на животната средина, здравјето и безбедноста. Банките ќе работат заедно и за да се справат со ризиците и финансиските ограничувања што ги попречуваат инвестициите за геолошките истражувања, екстракцијата, преработката, рафинирањето, производството и рециклирањето.

„Препознавајќи ја меѓусебната зависност на рударските проекти кои се економски исплатливи, како и инфраструктурата и вредносните синџири што тие ги поддржуваат, мултинационалните банки ќе идентификуваат можности за заедничка подготовка, паралелно финансирање, кофинансирање, банкарски гаранции и координирана техничка помош каде што соработката може да го подобри обемот, исплатливоста или влијанието врз развојот на проектот“, истакнуваат шесте развојни банки.

Претходно, претседателот на Светската банка, Аџај Банга, најави дека има цел за зголемување на финансирањето за критични минерали петкратно. Односно,  сума од 19 милијарди долари во текот на фискалниот период 2026-2030, за разлика од претходните 3,6 милијарди долари за периодот 2021-2025. Банката веќе идентификувала 20 земји-партнери и потпишала договори за соработка, во партнерство со мултилатерални развојни банки.

„Во однос на критичните минерали, планираме да ги зголемиме нашите бизниси петкратно во текот на наредните пет години. Оваа недела ги започнавме нашите први договори за соработка со земјите-партнери, во партнерство со мултилатералните развојни банки – со цел да се изградат локални индустрии и да се задржат повеќе работни места во земјите. Ова ќе им помогне на земјите во развој да остварат поголема вредност од ресурсите што се клучни за глобалната енергетска транзиција“, изјави претседателот на Светска банка, Банга.

Јасната насока кон критичните минерали е резултат на пошироките геополитички ризици поврзани со безбедноста на синџирите на снабдување со материјалите што се користат во електричните возила, батериите и инфраструктурата за обновливи извори на енергија. Кина моментално доминира во голем дел од глобалните капацитети за преработка на овие минерали, а Соединетите Држави работат на диверзификација на снабдувањето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖