Победникот на финалето на Светското првенство нема да си замине само со трофејот и златните медали. За првпат во историјата, новиот светски првак ќе добие и шампионски прстени – традиција преземена од американскиот професионален спорт.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) соопшти дека по неделното финале меѓу Аргентина и Шпанија на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, шампионската репрезентација ќе биде наградена и со специјално изработени прстени.
Ќе бидат произведени вкупно 2.026 нумерирани прстени, симболично според годината во која се одржува Мундијалот. Од нив, 30 ќе им припаднат на членовите на светскиот шампион, додека останатите 1.996 ќе бидат пуштени во продажба како официјален лиценциран сувенир за навивачите.
На едната страна од прстенот ќе биде изгравиран трофејот на Светското првенство, а другата ќе биде дизајнирана според визуелниот идентитет на новиот светски шампион.
Секој прстен ќе има уникатен сериски број, ќе биде изработен по мерка за својот сопственик и ќе биде испорачан со сертификат за автентичност.
Веднаш по завршувањето на финалето, капитенот и селекторот на победничката репрезентација ќе добијат привремени примероци, по што ќе следува изработка на персонализирани прстени за сите членови на шампионскиот тим.
Со оваа одлука, ФИФА дополнително го приближува Светското првенство до американската спортска култура. Шампионските прстени со децении се еден од најпрепознатливите симболи на успех во НБА, НФЛ, МЛБ и НХЛ, а нивното воведување на Мундијалот е уште еден потег со кој Светската фудбалска федерација остава силен американски печат на турнирот, чии домаќини оваа година се САД, Канада и Мексико.
Tagged as:
Светскиот шампион за прв пат ќе добие и шампионски прстен
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
