Познатата статуа „Манекен пис“ во центарот на Брисел денеска беше облечена во традиционална македонска народна носија по повод Денот на независноста, 8 Септември.
Церемонијата почна во Градското собрание на Брисел, каде обраќање имаа шефот на македонската Постојана мисија при ЕУ, амбасадорот Зулфи Исмаили, како и претставник на бриселските локални власти.
Беше одржана презентација на носијата, по што следуваше и нејзино официјално предавање од амбасадорот Исмаили на градоначалникот на Брисел, Филип Клосе.
На церемонијата присуствува претставници на општествениот и културниот живот на Брисел и на македонската дијаспора и дипломатските мисии во Белгија, меѓу кои и постојаниот претставник на Македонија во НАТО, амбасадорот Орхан Муретзени и в.д амбасадорката во Белгија, Сузана Мехмеди.
По ова следеше процесија на пренесување на носијата од зградата на Градското собрани, што се наоѓа на плоштадот Гран плаз, до фонтаната со статуата „Манекен пис“, каде статуата беше облечена во македонската носија.
Во Брисел постои традиција за облекување на „Манекенот пис“ во разни облеки по повод домашни или странски празници или настани, а ова беше првпат статуата да биде во македонска носија.
Статуата, висока 55 сантиметри, е изградена во честа на момче, кое според легендата, го спасило Брисел од пожар, така што го изгаснало запалениот фитиљ на експлозивот уринирајќи врз него.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
