Background

Судот повторно го блокира претседателот на САД

Федерален судија во Вашингтон повторно го блокираше обидот името на Доналд Трамп да биде поставено на зградата на „Кенеди центарот“, оценувајќи дека управниот одбор на културната институција нема овластување самостојно да поставува нови обележја во чест на претседателот без одобрение од Конгресот.

Судијата Кристофер Купер одлучи дека на главната зграда не смее да биде поставен натписот „Реновиран и реставриран од претседателот Доналд Џ. Трамп“, ниту комплексот да биде преименуван во „Плоштад на претседателот Доналд Џ. Трамп“. Според судот, тоа би било спротивно на претходната судска одлука и на федералниот закон со кој е утврдено името на центарот.

„Едноставно кажано, тужените не можат да постават спомен-обележја во чест на претседателот Трамп, или на кого било друг, во „Кенеди центарот“ без одобрение од Конгресот“, наведува Купер во одлуката.

- Advertisement -
Ad image

Како почна спорот за името“

Спорот избувна откако, кон крајот на 2025 година, управниот одбор на „Кенеди центарот“, со Трамп како претседател на одборот, гласаше институцијата да го добие името „Доналд Џ. Трамп и Меморијален центар за сценски уметности Џон Ф. Кенеди“. Неговото име потоа беше поставено и на фасадата.

Против одлуката тужба поднесе конгресменката Џојс Бити, која е членка на одборот по службена должност. Таа тврдеше дека одборот нема законско право да го менува името на институцијата.

Во мај годинава, судијата Купер пресуди дека името на Трамп било додадено незаконски и нареди негово отстранување. Клучно во неговото образложение беше што „Кенеди центарот“ е создаден и именуван со федерален закон, па според судот само Конгресот може да го промени неговото име.

Наместо повторно формално преименување, управниот одбор во август предложи заобиколно решение – на фасадата да се додаде натпис дека центарот е „реновиран и реставриран“ од Трамп, а просторот околу зградата да го добие неговото име. И токму овој обид сега повторно го блокираше судијата Купер.

Нема име нема реконструкција!?

Одлуката доаѓа во момент кога „Кенеди центарот“ се соочува и со сериозни проблеми со зградата и финансирањето. Управниот одбор во вторникот гласаше за затворање на центарот за да почне голема реконструкција, само неколку часа откако судот го блокираше новиот обид за поставување на името на Трамп. Како аргумент се наведуваат навлегување вода, дотраеност и дури и делумно уривање на таван во „Гранд фоаје“.

Но, спорот околу името на центарот се испрепле и со прашањето за неговото итно реновирање. Конгресот издвоил до 257 милиони долари за реконструкцијата, но администрацијата на Трамп во судската постапка тврдеше дека без поддршката и јавното признавање на претседателот ќе биде тешко да се обезбедат дополнителни средства. Судот, сепак, оцени дека за ваквите тврдења нема доволно докази.

По најновата судска одлука во вторникот, Трамп порача дека реконструкцијата нема да започне додека Апелацискиот суд за округот Колумбија не се произнесе по жалбата на Министерството за правда. Тој најави дека доколку одлуката не биде преиначена, вклучително и од Врховниот суд, „реконструкцијата и реновирањето на Кенеди центарот нема да се одржат“. Министерството за правда веќе најави жалба.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation