Background

Студениот бран ја доведе земјата во алармантна ситуација

Велика Британија нема гас ниту за една недела потрошувачка. Складиштата се наполнети само до половина од нивниот капацитет, што е алармантно во услови на ниски температури и зголемена потрошувачка, објави Ројтерс.

Компанијата „Сентрика“ (Centrica), која управува со најголемиот магацин за складирање гас во Велика Британија, предупреди дека земјата се соочува со значителен ризик од недостиг на гас.

Во магацините моментално има количина на гас, доволна за помалку од една недела, што е за 26% помалку од истиот период минатата година. Складиштата се наполнети само до половина од нивниот капацитет, што е алармантно во услови на ниски температури и на зголемена потрошувачка.

- Advertisement -
Ad image

Домаќинствата во Британија во голема мера користат гас за греење, додека, пак, гасот е клучен и за производството на електрична енергија. Нискиот капацитет на складирање го зголемува ризикот од енергетска несигурност, особено во зимските месеци.

Складиштето за гас „Раф“ (Rough), кое сочинува половина од капацитетот за складирање гас во земјата, беше повторно пуштено во работа во 2022 година, но со намален капацитет.
„Сентрика“ најавува дека модернизацијата на објектот би чинела 2,46 милијарди долари и бара владина поддршка за да се осигура исплатливоста на инвестицијата. Компанијата апелира за итна поддршка од владата за да го зголеми капацитетот за складирање, со што би се подобрила енергетската стабилност на земјата.

Глобалната енергетска криза, поттикната од војната во Украина, ја нагласи потребата за долгорочни вложувања во капацитети за складирање енергија и за диверзификација на изворите на енергија. Британија се соочува со предизвик да ги осигура своите граѓани во услови на продолжени енергетски турбуленции и непредвидливи временски услови.

 

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation