Студен арктички бран со температури под нулата се очекува да зафати поголем дел од САД од утре до следната недела

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Студен арктички бран со температури под нулата се очекува да зафати поголем дел од САД од утре до следната недела, што ќе погоди милиони Американци, а ги смени и плановите околу инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

„Вашингтон пост“ напиша дека инаугурацијата на Трамп ќе биде најстудена од церемонијата за инаугурирање на претседателот Роналд Реган во 1985 година. Исто така, според написот, на инаугурацијата ќе биде постудено од 2009 година кога во Белата куќа стапна Барак Обама.

Трамп на својата социјална мрежа во петокот напиша:

„Арктички бран ја зафати земјата. Не сакам луѓето да бидат повредени или оштетени на кој било начин. Ова се тешки услови за работа за десетици илјади службеници на полицијата, началници и дури за коњите на полицијта и за стотици илјади поддржувачи кои би останале надвор со часови на 20. јануари. Ако решите да доаѓате, облечете се топло!“

Национална метеоролошка служба соопшти дека во Вашингтон на денот на инаугурацијата се предвидува екстремен студ, при што температурите ќе се спуштат и до -11 степени Целзиусови, што заедно со ветрот ќе се чувствува како уште постудено време. Поради лошите временски услови и поларниот суд, инаугурацијата на Трамп наместо на отворено пред Капитол, ќе се одржи во затворен простор.

Најстуденото време во оваа зимска сезона, кое ќе се движи од запад кон исток, е резултат на феноменот познат како поларен вител што ќе предизвика значително опаѓање на температурите низ САД.

Ниските температури со себе носат „опасни по живот“ ризици од хипотермија и смрзнатини, предупредува Националната метеоролошка служба.

Меторолози од AccuWeather, пак, прогнозираат дека дури и делови од западниот брег на Гренланд во наредните денови ќе бидат потопли од Тексас.

Share This Article