Background

Страшен фемицид во Каламата ја потресе Грција

Убиство на жена од нејзиниот сопруг во град на Пелопонез ја потресе Грција. Обдукцијата покажа дека 41-годишникот ја пробол 39-годишната Василики најмалку 45 пати, пишува Прототема. Смртоносни биле две убодни рани во градите и една во грбот.

Сопругот го признал делото откако бил уапсен. Истрагата допрва ќе ги откри мотивите, додека се шпекулира за убиство од љубомора.

Василики, мајка на две деца била пронајдена мртва во спаната соба од семејниот стан. Претходно крици го разбудиле соседството.

Повеќето убоди ги добила на подот

- Advertisement -
Ad image

Обдукцијата открила брутални детали. Според наодите на судскиот лекар, жената била избодена најмалку 45 пати.

На телото биле пронајдени бројни повреди на вратот и на лицето, како и голем број одбранбени рани на рацете, што укажува дека се обидувала да се заштити.

Истражителите утврдиле и траги што упатуваат на физичко насилство пред нападот.

Судскиот лекар заклучил дека најголемиот дел од убодите биле нанесени откако жената веќе паднала на подот. Полицајците ја пронашле во ембрионална положба. Според грчките медиуми, во раката сè уште држела нож.

Осомничениот вчера бил изведен пред обвинител и побарал рок за да ја подготви својата одбрана. Неговиот адвокат тврди дека меѓу сопружниците имало физичка пресметка пред убиството.

Но, ваквото објаснување засега не се совпаѓа со доказите што ги собрале истражителите.

„Патолошки љубоморел“

Пријателка на Василики за грчките медиуми изјавила дека осомничениот со месеци покажувал опсесивна љубомора. Според неа, тој барал сопругата да ги затвори профилите на социјалните мрежи и ширел гласини дека има вонбрачна врска.

– Патолошки ѝљубомореше. Еднаш ја чекал пред школата за танцување. Немаше доверба во неа за ништо – изјавила нејзина пријателка.

Таа додала дека Василики во последно време им се доверувала на блиските дека чувствува голем притисок дома.

– Никој од нас не можеше да замисли дека работите ќе завршат вака – рекла пријателката.

Taa била над него со нож?! 

Иако го признал делото, 41-годишникот тврдел дека се разбудил и ја видел сопругата над себе со нож. Истражителите не се убедени во оваа верзија.

Соседи изјавиле дека слушале расправија и викање пред да се слушнат повиците за помош.

Според нивните сведоштва, конфликтот траел извесно време пред трагичниот крај.

Поради тоа, полицијата проверува дали на убиството му претходел уште еден од честите семејни конфликти.

Децата спиеле, некој им дал седативи?

Особено потресен е податокот дека двете малолетни деца на брачната двојка, на возраст од шест и десет години, спиеле во соседната соба додека се случувало злосторството.

Тие не сфатиле што се случува. За време на претресот била пронајдена и таблета со седативи без рецепт.

Истражителите проверуваат дали децата евентуално добиле супстанции што би можеле да објаснат зошто не се разбудиле.

Не е соопштено дали досега се утврдени такви индиции.

Им отворил врата, имал крв на облеката

Трагедијата била откриена нешто пред два часот по полноќ. Жители на зградата ја повикале полицијата откако слушнале женски крици и повици за помош.

Кога патролата пристигнала, вревата веќе престанала. Полицајците затропале на вратата.

Осомничениот им отворил со видливи траги од крв на облеката.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation