Со цел да се заштити и унапреди употребата на македонскиот литературен јазик, започнува имплементацијата на законското решение кое наложува формирање на Инспекторат за употреба на македонскиот јазик. Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во своето гостување во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ појасни дека процесот бара серија системски чекори за ова тело конечно да профункционира.
– Новото законско решение предвидува буквално секоја институција да мора да вработи лектор во сопствените редови. Донесена е одлука инспекторатите да не функционираат како одделни правни субјекти, туку да бидат директен дел од Министерството. Веќе е назначен директор на институцијата и изработена е нова систематизација. Воедно, објавен е и конкурс за вработување на лектори, за кој постои апсолутен интерес – информира министерот.
Според новиот закон, избраните лектори мора да поминат обука од минимум една година пред да можат да станат инспектори кои ќе работат на терен и ќе вршат инспекција за правилната употреба на македонскиот јазик.
Според министерот, лекторството во моментов претставува запоставена, но веројатно една од најважните професии во државата. Тој потсети дека во минатото грижата за јазикот била на многу повисоко ниво и дека институциите со години имале редовно вработени лектори. Како пример ги посочи театрите, каде лекторите се грижеле актерите да зборуваат правилно, избегнувајќи дијалекти и акцентски грешки.
Откако овие стручни лица заминале во пензија, нивните работни позиции едноставно згаснале. Резултатот од тоа е што театрите повеќе од десетина години немаат лектори.
– Овој акутен недостиг на лектори е присутен и во медиумите и во најголемиот дел од останатите институции, што денес резултира со сериозен проблем со примената на литературниот јазик во јавниот простор. Враќањето на лекторите и инспекторите во институциите треба да стави крај на оваа негативна тенденција – рече министерот Љутков.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
