Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи предложи формирање регионална мрежа за индустриско наследство во рамките на Парламентраната димензија на Централноевропската иницијатива што се одржа од 15 до 16 јуни 2026 година во Катовице, Шлезиско Војводство, Полска.
Посетата на Шлезиското Војводство беше организирана на три локации Тарновски Гори, Бајтом и Катовице, а фокусот на состанокот беше насочен на темата: Ревитализација на пост-индустриските области во Централна Европа.
На маргините на состанокот се организираа теренски посети на стари рудници, топилници и челичарници со цел да се прикаже брзиот развој на шлезискиот регион, поддржан од локалните и централните власти и финансиран од Европската Унија. Главниот акцент беше ставен на трансформацијата на пост-индустриските области во културни места и простор за заедницата во општините.
На настанот учестуваа пратеници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка Република, Италија, Молдавија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Украина, како и претставници на Извршниот секретаријат на ЦЕИ со седиште во Трст.
Мизрахи укажа дека ревитализацијата на пост-индустриските области не претставува само урбанистички и економски предизвик, туку е прашање на зачувување на културното наследство, идентитетот и колективната меморија на заедниците. Наместо овие локации да се третираат како товар, сè повеќе европски градови ги препознаваат како можност за создавање нови центри на културата, иновациите, образованието и креативните индустрии.
Таа истакна дека нашата држава не е изземена од глобалните трендови на деиндустријализацијата. Некои од старите индустриски комплекси од 19 и 20 век се прогласени за заштитени историски споменици, додека други се уништени со урбаниот развој. За дел од оние индустриски капацитети кои беа затвори за време на процесот на приватизација имаше обиди за нивната ревитализација преку браундфилд инвестиции, како што е примерот со поранешниот текстилен гигант Македонка, кој денес е дом на бројни компании.
Друг пример е железничката станица во Скопје која беше уништена со земјотресот од 1963 година а сега е музеј. Исто така техничкиот музеј Матка кој e сместен на местото на поранешната хидроцентрала е инвестиција на приватна компанија.
Во оваа насока, пратеничката Мизрахи истакна дека Централноевропската иницијатива може да биде значаен катализатор за идна соработка во оваа област. Преку размена на добри практики, поддршка од експерти и заеднички проекти и подобро искористување на европските фондови може да се креираат нови модели на успешна трансформација на пост-индустрискиот простор. Таа предложи во рамките на ЦЕИ да се разгледа можноста за воспоставување регионална мрежа за индустриско наследство, која ќе овозможи поврзување на институциите, локалните власти, универзитетите и организациите од областа на културата. Таквата мрежа би можела да придонесе за размена на искуства, подготовка на заеднички проекти и поголема видливост на индустриското наследство на нашиот регион на европско ниво.
Tagged as:
СТАРИТЕ ФАБРИКИ МОЖЕ ДА СТАНАТ КУЛТУРНИ МЕСТА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
