Топ Вести - Слушај сега
Париските улици светат, но без зборот „Божик“. Француските медиуми пренесуваат дека властите избрале нова, „инклузивна“ форма на празнично украсување. Наместо традиционалните натписи „Joyeux Noël“, на осветлените портали и транспаренти сè почесто стои „Joyeuses Fêtes“ – „Среќни празници“.
Дали натписите со зборот Божик ќе ги снема до крајот на годината во Франција, прашува весникот „Ле Фигаро“, во свој напис. Повеќе француски портали објавија дека промената се поврзува со европските препораки за „инклузивен јазик“, идеја која треба да ги опфати сите, без оглед на верата.
Веста предизвика бура од реакции на социјалните мрежи. Критичарите велат дека ваквиот потег не е гест на почит кон различностите, туку „бавно бришење на христијанските симболи“.
– Не можете да создадете инклузивност ако ги избришете корените – изјавил еден од колумнистите на „ Ле Фигаро“.
Од другата страна, поддржувачите тврдат дека Франција останува земја со секуларен карактер, а државните институции немаат обврска да промовираат религиозен контекст.
Француската влада не донела никаков закон или наредба за забрана на зборот „Божик“. Станува збор за комуникациски избор на поединечни општини или маркетинг агенции.
Европската комисија, пак, во 2021 година навистина имаше документ со препорака за инклузивен јазик, но истиот беше повлечен по јавните реакции и никогаш не стана обврзувачки акт.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
