Background

Средствата добиени од планот за раст не се пари што земјата ги добива директно на сметка и потоа ги троши, туку се даваат за одредени чекори и проекти што треба да се реализираат

Средствата добиени од планот за раст не се пари што земјата ги добива директно на сметка и потоа ги троши, туку се даваат за одредени чекори и проекти што треба да се реализираат, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека иако средствата се врзани за проекти, сепак тие придонесуваат за раст на БДП и за финансиска ликвидност.

– За планот за раст има многу шпекулации, многу невистини и разни толкувања од одредени политичари. Планот за раст е план во кој државите имаат добиено индикативна листа. Оние 750 милиони евра за кои се зборува во јавноста, планот за раст е 750 милиони евра, тоа не се пари што некој ги има в џеб и вие испорачувате и тој ви дава пари. Така не функционира тоа. Една третина е буџетска ликвидност, една третина е WBIF-компонента, а една третина е мек заем, кој почнува да се враќа по 2032 година – појасни премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.

Премиерот потенцира дека за чекорите што ни биле прифатени за декемврискиот извештај, при што сме добиле најголемо финансирање, од 67 милиони евра, 30 добила државата, другото е за проекти, а не за буџетска поддршка.

- Advertisement -
Ad image

Очекува до крајот на јуни повторно да бидеме први и повторно да добиеме најмногу средства, овој пат над 100 милиони, од кои, во зависност од структурата на чекорот, кој е на индикативната листа, да добиеме дел, а другите да бидат за проекти.

Договорено е и за критичните чекори како да се изведат, а да бидат признати и оти тоа ќе го направат за сите проекти што се во грејс-период за да не пропаднат.

Инаку, проектите се подготвени, а се очекува сега да се исполнат над 30 чекори, што нѐ прави подобри и од Црна Гора и од Албанија.

Вкупниот износ на поддршката на ЕУ за Западен Балкан во рамките на финансискиот инструмент за реформи и раст изнесува шест милијарди евра. Во согласнот со предвидената методологија на ЕУ, на нашата држава ќе ѝ бидат ставени на располагање 750,4 милиони евра за период од 2024 до 2027, поделени во транши, при што првата транша беше планирана за крајот на минатата година. Општите услови за исплаќање на средствата се однесуваат на спроведувањето на фундаменталните реформи, владеење на правото, почитување на основните човекови права и слободи, а посебните услови се формулирани во рамките на реформската агенда.

За Македонија, планот за раст е многу повеќе од иницијатива, посочи лани премиерот Христијан Мицкоски. Според него, тоа е приказна за претворање на заложбата во вистинска промена. Нагласи дека Македонија беше првата земја од регионот што го операционализира Инструментот за реформи и раст и првата што доби предфинансирање во согласност со планот. Ова, според него, било резултат на посветена работа и на цврсто верување во европските вредности.

– Нашата реформска агенда, одобрена од Европската комисија, се фокусира на она што навистина е важно – добро владеење, чиста енергија, образование, развој на бизнисот и владеење на правото. Ова не се апстрактни цели. Тие се темелите на современата европска држава, секојдневната реалност што сакаме да ја обезбедиме за нашите граѓани – посочи тогаш Мицкоски.

Меѓу другото, најави дека се поднесени барања за исплата на средства, со кои се поддржуваат приоритетните реформи на Владата, особено во областа на дигиталните услуги, зајакнување на деловната клима и подобрување на енергетската ефикасност.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation