Државјанин на Србија, С.К. (25), е уапсен под сомнение дека од плажите во Будва им крадел чанти на туристи. Како што соопшти црногорската полиција, тој се сомничи дека во текот на летото на подрачјето на Будва украл поголем број чанти во кои имало вредни предмети и лични документи.
„Полициските службеници од Одделението за безбедност Будва, постапувајќи по пријави од граѓани дека им биле одземени предмети, пари и лични документи, спроведоа интензивни активности за идентификација и лоцирање на сторителот. Притоа го идентификуваа С.К. (25), државјанин на Република Србија, за кого постои сомнение дека сторил повеќе кривични дела кражба“, соопшти црногорската полиција.
По спроведените активности и координацијата на полициските службеници, била реализирана целна акција под назив „Заседа“, при што осомничениот бил лоциран и приведен во службените простории на Одделението за безбедност Будва.
За случајот бил известен надлежниот државен обвинител во Основното државно обвинителство во Котор.
Обвинителот наредил С.К. да биде лишен од слобода поради сомнение дека сторил продолжено кривично дело „кражба“.
Од црногорската полиција информираат дека осомничениот, заедно со кривична пријава, ќе биде спроведен пред надлежното обвинителство за понатамошно постапување.
Tagged as:
СРБИН КРАДЕЛ ЧАНТИ ОД ТУРИСТИ ПО ПЛАЖИТЕ ВО БУДВА
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
