Според извршените анализи и расположливите извештаи, водата што се испорачува преку водоснабдителниот систем на ЈКП „Водовод“ – Битола ги исполнува пропишаните барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈКП „Водовод“ Битола.
Оттаму велат дека континуирано се грижат за обезбедување безбедна и квалитетна вода за пиење за жителите на Битола и населените места опфатени со водоснабдителниот систем.
Преработката на водата се врши во Филтерската станица Дихово, каде Одделението за санитарна контрола и третман на вода за пиење спроведува 24-часовен мониторинг на процесот на третман и квалитетот на водата.
– Во периодот 2023–2025 година се извршени вкупно 16.622 лабораториски анализи, од кои 8.786 физичко-хемиски и 7.836 микробиолошки. Тоа значи повеќе од 5.400 анализи годишно или просечно околу 15 анализи дневно. Контролата се врши на примероци од суровата вода, од финалната вода во Филтерската станица и од бројни пунктови низ целата дистрибутивна мрежа. Дополнителни анализи се спроведуваат и при дефекти, пуштање нови водоводни линии и по пријави од корисниците. Покрај интерната лабораториска контрола, квалитетот на водата редовно се проверува и од надворешни овластени и акредитирани лаборатории, согласно важечките прописи за безбедност и квалитет на водата за пиење – велат од ЈКП „Водовод“ Битола.
Испитувањата и контролата на водата се спроведуваат согласно барањата утврдени со Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење („Службен весник на РМ“ бр. 183/2018).
ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со континуирана контрола и унапредување на процесите, со една основна цел – сигурна, безбедна и квалитетна вода за секој корисник.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
