Состојбата со нафтата и нафтените деривати, дизел горивата, безоловните бензини, керозинот и т.н, е исклучително добра. Како држава во овој момент не гледаме во синџирот на снабдување било какви предизвици, но доколку се случи таков предизвик навремено ќе се препакуваме и ќе подготвивме нова стратегија, изјави денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски.
-Во постојана комуникација сме со снабдувачите и од тој аспект не гледаме опасност за нашите граѓани и за нашите бизниси. Има доволно количини и во државните резерви, но и во цевководот кој што го поврзува солунското пристаниште со рафинеријата ОКТА, кој што ќе е функционален и оперативен. Не само што имаме доволно количини за нашите граѓани и бизниси. Зголемена е потрошувачката во одредени пикови на денови и до 30%, поради тоа што голем број на граѓаните од соседните земји доаѓаат кај нас и точат гориво. Притисокот е најголем на северната, јужната и западната граница, затоа што кај нас се убедливо најевтини и дизелот и безоловните горива – рече Мицкоски.
Тој посочи дека кај соседите нафтените деривати се поскапи од 0,30 до 0,70 евро по литар.
– Кај нашиот јужен и западен сосед цената доаѓа за дизел горивото во висина од 2,2 евра по литар, а кај нас е на 1,52- 1,53, значи повеќе од 06 до 0,7 евра по литар поевтино, и исто така на северната граница, во Србија некаде 1,80 дизелот што е од прилика 0,30 центи поевтино – рече Мицкоски.
Премиерот нагласи дека доколку се случат некакви предизвици навремено ќе се донесат мерки.
-Во овој моментот не гледаме опасност, а исто така керозинот кој што го извезуваме, неколку аеродроми во регионот добиваат керозин, таков е приштинскиот и неколку други. Во овој момент, факт број еден е, граѓаните користат најевтини горива во регионот и факт број два имаме доволно количини и сега за сега не гледаме не гледаме никаков предизвик кој што е поврзан со недостаток. Доколку се случи таков предизвик навремено ќе се препакуваме и ќе спремаме нова стратегија – рече Мицкоски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
