Изабел Ковачиќ, сопруга на хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ ги исече сите негови фудбалски дресови што со години ја одбележуваа неговата кариера и ги претвори во корсет.
Наместо да ги чува во плакар како спомен од големите натпревари и клубови во кои настапувал, сопругата на хрватскиот фудбалер од неговите оригинални дресови да создаде уникатно модно парче кое, како што вели, ги чува најважните моменти од нивната заедничка животна приказна. Проектот го нарече „Memory Off the Pitch“ и го претстави на Инстаграм.
Станува збор за рачно изработен корсет составен од оригиналните дресови на Матео, кои тој ги носел во различни фази од својата богата кариера. Изабел објасни дека зад проектот не стои само модна идеја, туку и силна емотивна приказна.
– Memory Off the Pitch е проект роден од срце. Овој корсет е рачно изработен од оригиналните дресови на Матео, а секој од нив носи дел од неговиот пат – моменти на гордост, предизвици, соништа и спомени што не ја обликуваа само неговата кариера, туку и приказната на нашето семејство – напиша таа.
Корсетот ги обединува елементите од дресовите на хрватската репрезентација и клубовите во кои настапувал Ковачиќ, претворајќи ги спортските спомени во единствено дизајнерско парче. Препознатливите грбови, бои и детали внимателно се вклопени во кројот.
За Изабел, проектот има многу подлабоко значење од самата естетика.
– Тоа што некогаш живееше на теренот, сега живее во поинаква форма. Овие дресови се претворени во современо парче што чува нешто многу повредно од самата ткаенина – порача таа и додаде дека целта била спомените да останат блиску до срцето.
– За нас ова е повеќе од мода. Ова е начин тие моменти да останат со нас, да му оддадеме почит на патот што го поминавме и да се потсетиме дека некои спомени се едноставно премногу драгоцени за да останат заборавени во фиока.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
