Background

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец јули 2025 година се карактеризира како екстремно топол и многу сушен во споредба со многугодишните просечни вредности (1991-2020 година)

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец јули 2025 година се карактеризира како екстремно топол и многу сушен во споредба со многугодишните просечни вредности (1991-2020 година), соопшти УХМР.

Средномесечната температура се движеше од 18,5 степени Целзиусови во Лазарополе до 28,5 степени во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020 година), годинашната температура беше натпросечна за 2,3 степени на ниво на држава. Средномесечната температура во Скопје Зајчев Рид изнесуваше 27,6 и беше 2,9 степени повисока од просекот.

Во државата беше најжешко на 26 јули

Највисоката максимална температура во државата, беше измерена на 26 јули во Скопје Гази Баба и изнесуваше 43,7 степени. Притоа, во Скопската котлина беше надмината апсолутната максимална температура на воздухот од 43,4 на 43,7 степени. Во Скопје беше надмината и апсолутната максимална среднодневна температура. Надминати беа апсолутните максимални температури и во Охрид и во Маврово. Во Охрид од 37,5 на 38,1, а во Маврово од 34,2 на 34,3 степени. Имаше појава на топлотен бран од почетокот на месецот до 8 јули и од 20 до 27 јули, на ниво на држава.

Во Лазарополе беше најстудено

- Advertisement -
Ad image

Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 10 јули и изнесуваше 4,4 степени.

Месечната сума на врнежи во државата во јули варираше од 0,0 мм во Битола до 10,7 мм во Берово. Врнежите беа од дожд и град. Максимално дневно количество на врнежи од 8,7 мм беше регистрирано во Берово на 18 јули.

Споредено со јулската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020 година), измерената месечна сума на врнежи беше 87% подпросечна на ниво на држава, посочуваат од УХМР.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation