Со 67 гласа „за“, 13 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието на денешната седница ја утврди потребата од донесување по скратена постапка на Предлог законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со што законското решение ја помина првата фаза од собраниската процедура.
Со ова законско решение се создаваат услови за елиминирање на објективните причини поради кои беше воспоставен моделот на преодна, односно техничка влада.
Предложеното законско решение, со одложената примена, како што се вели во образложението од предлагачот – Владата, има цел да обезбеди стабилност, правна сигурност и заштита на јавниот интерес на граѓаните преку целосно и доследно заокружување на започнатите реформи.
– Заради потребата од рационално и одговорно користење на јавните финансии, зајакнување на институционалната стабилност и обезбедување целосен демократски легитимитет на Владата како носител на извршната власт избрана од Собранието, со овој предлог-закон се воспоставува јасна и применлива правна рамка, која ќе ги гарантира фер и транспарентните избори преку институциите основани со Уставот и законите и ќе ги елиминира привремените решенија воспоставени со политички договори во минатото – се наведува во образложението на предлог-законот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
