Собранието денеска треба да ја продолжи 104. седница на која на дневен ред се останати неколку точки. Пратениците треба да гласаат за Предлог за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира Собранието. Комисијата за прашања на изборите и именувањата на пленумот му предлага изборот да биде извршен помеѓу Артим Ислами, дипломиран правник со положен правосуден испит од Струга и Феузи Џафери, дипломиран правник со положен правосуден испит од село Чајле, Гостивар.
На дневен ред се и Предлог на закон за соодветна и правична застапеност – Прво читање на предлог на Владата, како и Предлог на закон за соодветна и правична застапеност – Прво читање, предложен од пратениците Зијадин Села, Илире Даути и Елми Азири од Албанската Лига.
Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог на закон за изменување на Законот за судовите, по скратена постапка, и за Предлог на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
