Со видео со броевите 26 и 5 поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, најави враќање во активната политика со формирање нова партија.
Според „Прототема“, официјалното претставување е закажано за 26 мај.
„Ниту прерано ниту предоцна, сега е време“, порача поранешниот грчки премиер под видеото.
На снимката се појавуваат две момчиња на фудбалски терен со дресови со броевите „26“ и „5“. Тоа симболично го најавува датумот на промоцијата.
Грчките медиуми пишуваат дека во изминатите денови на социјалните мрежи биле објавувани видеа од негови поддржувачи кои барале Ципрас повторно да се активира политички.
Во пораките се велело дека „во март било прерано“, а дека „во септември ќе биде предоцна“.
Според грчките медиуми, новото позиционирање на Ципрас дополнително ги комплицира односите во опозицискиот блок.
Некои анкети покажуваат дека Ципрас има поголема поддршка од лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис.
Постојат и проценки дека неговата нова партија би можела да го престигне ПАСОК.
Во фокусот на грчката јавност е и политичкото активирање на Марија Каристијану, поранешната претседателка на Здружението на семејствата на жртвите од железничката несреќа во Темпа.
Таа оваа недела во Солун ќе ја претстави основачката декларација на својата партија.
Според анкетите, Каристијану привлекува гласачи од различни политички ориентации, како и млади кои традиционално не излегуваат на избори.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
