Тешката прва рунда разговори меѓу САД и Иран која заврши без заедничка фотографија доби свои коментари на социјалните мрежи. Стигнаа вирални снимки откако иранската делегација одби ракување и церемонијално фотографирање со американските претставници во протест на објава од Доналд Трамп.
Еден дел од коментарите на Икс тврдат дека дипломатската сцена повеќе наликувала на понижување за САД отколку на пробив.
Во фокусот на реакциите е американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за кого корисници на социјалните мрежи тврдат дека изгледал изолиран, додека на друга снимка се толкува дека бил игнориран од катарските претставници.
„Погледнете го (претставникот од) Катар како го игнорира Ди Венс. Толку е срамно“, гласи коментарот на социјалните мрежи на едно од снимките.
Друг корисник ги коментира изгледите на лицата на шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи кој зборува со премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф, додека Шариф има загрижено лице, како да му пренесуваат порака. Лицето на Шариф е загрижено и потоа кога на кратко зборуваат заедно со Ди Венс и со Асим Мунир, началникот на пакистанската армија.
„Делегацијата на САД влезе многу пред Иранците. Во дипломатијата, страната со предност не чека во просторијата. Тврдиш дека водиш и победуваш, а сепак стигна прв. Прва грешка. Галибаф не влезе додека медиумите беа внатре. Џеј Ди Венс влезе. Уште една грешка. Изгледаше не само како да ги напуштивте сојузниците, вклучувајќи го и Израел, туку и да го намаливте имиџот на Америка со игнорирање на основниот дипломатски протокол“, коментира еден корисник.
Според иранските медиуми, на првата 80-минутна сесија не се разговарало за нуклеарната програма, туку за почитувањето на договорот меѓу двете држави и за состојбата во Либан.
Техеран соопшти и дека ја обновил блокадата во Ормускиот Теснец во знак на протест поради континуираните израелски напади во Либан.
Дел од американските медиуми шпекулираат дека евентуалниот неуспех на преговорите со Иран, претседателот на САД Доналд Трамп ќе му го префрли на својот млад заменик Џеј Ди Венс што може да му се одрази на рејтингот на Ди Венс, ако претендира за позицијата претседател во 2028 година.
Tagged as:
Снимките од првата рунда преговори во Швајцарија станаа вирални
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
