Background

Смртта на Кристијан Љушев, обвинителот Стојанче Арнаудов не постапува, Стеван Митановски од ИMОБИЛАРЕ и HOME FOR YOU не одговара

Охридскај ја следеше оваа приказна од првиот момент и ја следи до ден денешен. Во трагичен настан во станбена зграда во изградба во Охрид, животот го загуби младиот снимател, фотограф и продуцент Кристијан Љушев, во својата 28 година. Млад човек, полн со живот и талент, падна во отвор на лифт на градилиште без никаква заштита, без огради, без безбедносни мерки, и го плати со живот. Некој треба да одговара за тоа. До ден денешен, никој не одговара.

Обвинителството молчи, но зошто?

Веднаш по настанот, Охридскај постави јасно прашање кон јавниот обвинител Стојанче Арнаудов. Зошто нема наредби до МВР? Зошто нема процесуирање? Зошто институцијата која е должна да ја брани правдата стои со скрстени раце додека семејството на Кристијан Љушев чека одговор?

- Advertisement -
Ad image

Месеци поминаа. Нема акт. Нема обвинение. Нема ниту јавна изјава. Обвинителот Стојанче Арнаудов не се огласи, не образложи, не постапи. Тоа не е случајна административна бавност. Тоа е избор. И со тој избор се поставува едно тешко прашање, што сака обвинителот Стојанче Арнаудов да сокрие и од кого ја штити тишината?

Во земја со функционална правна држава, случај на смртна несреќа на работно место, на градилиште без елементарни безбедносни мерки, резултира со брзо и одлучно процесуирање. Во Охрид, резултираше со молк.

Стеван Митановски, сопственик на ИМОБИЛАРЕ и HOME FOR YOU, се шепури наместо да одговара

Работодавачот на Кристијан Љушев, сопственикот на фирмите ИМОБИЛАРЕ и HOME FOR YOU, Стеван Митановски, до ден денешен не застанал пред лицето на правдата. Наместо тоа, се шепури како „Мерцедес Паун“ низ Охрид, без страв, без грижа на совест, без ниту еден правосилен акт кој би го допрел.

Кристијан Љушев работел на тоа градилиште. Работел без соодветна обука. Работел без осигурување. Работел во услови кои беа опасни по живот, а тоа го знаеле оние кои го испратиле таму. Зградата немала огради на отворите, немала елементарни мерки за заштита при работа, и тоа не е тајна, тоа го виделе и роднините кои го посетувале.

Сопственикот Стеван Митановски носи директна одговорност за условите на труд кои го однесоа животот на еден млад човек. Но додека правдата спие, тој живее слободно. Тоа не е случајност. Тоа е систем.

Жарко Лазоровски, нарачателот на мебелот, си го доопреми станот

Екс началникот Жарко Лазоровски, нарачател на мебелот за станот во таа иста зграда, не се огласи, не се дистанцира, не понуди ниту збор на сочувство јавно. Наместо тоа, станот се доопремува. Зградата напредува. Животот на оние поврзани со овој случај тече без никакви последици.

Охридскај прашува, дали постои врска помеѓу луѓето поврзани со ова градилиште и тишината на институциите? Дали позициите, врските и парите во Охрид можат да купат молк на обвинителството? Дали правдата во овој град и во оваа држава има цена?

Градилиштето напредува, правдата стагнира

Денес местото на настанот е во завршна фаза. Зградата се гради. Становите ќе се населат. А Кристијан Љушев го нема. Неговото семејство чека. Неговиот татко бараше само едно, правда и одговорност, зашто детето никој не може да му го врати. Тоа барање остана без одговор.

На денот на погребот, Охридскај постави прашање кое сè уште виси во воздух, дали со погребот на младиот Кристијан Љушев ќе биде погребана и правдата?

Денешниот одговор е суров. Правдата не е погребана. Правдата никогаш не беше ни повикана да присуствува.

Системска корупција или институционален колапс?

Кога обвинителот не постапува, кога работодавачот шета слободно, кога нарачателите на мебел го доопремуваат станот, и кога градилиштето расте додека семејството на жртвата плаче, тоа не е грешка во системот. Тоа е системот.

Охридскај ќе продолжи да го следи овој случај, да поставува прашања и да бара одговори. Затоа што Кристијан Љушев заслужуваше безбедно работно место. Затоа што неговото семејство заслужува правда. И затоа што Охрид заслужува институции кои не се продаваат.

Правдата не смее да биде пред пазар.

Сашо Денесовски

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation