Случајот со убиената Данка Илиќ останува мистерија

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Помина една година од исчезнувањето и убиството на двегодишната Данка Илиќ, трагедија што ја потресе Србија. По неа полицијата, спасувачките служби и граѓаните трагаа цели 10 дена пред да биде потврдена веста за убиството.

Иако обвинението против осомничените Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ беше потврдено по вторпат, случајот сѐ уште е обвиен со мистерија. Тие првично признаа дека го извршиле убиството, но подоцна ги повлекоа признанијата. Дополнителен шок предизвика смртта на братот на Дејан, Далибор Драгијевиќ, кој признал дека помогнал во сокривањето на телото, но почина за време на полицискиот притвор, пред да биде изведен пред обвинителството. Главното прашање што останува без одговор е – каде е телото на малата Данка?

Исчезнувањето и потрагата

Данка Илиќ исчезна на 26 март 2024 година во населбата Бањско Поље, кај Бор, додека била со мајка си и братот пред семејната ненаселена куќа. Според сведочењето на мајката, девојчето исчезнало за неколку секунди, додека таа му давала вода на синот. По безуспешната самостојна потрага, веднаш биле алармирани сопругот и полицијата. Таа вечер, за првпат во Србија, беше активиран системот „Најди ме“.

Во првите денови, полицијата и спасувачите со кучиња го пребаруваа теренот, багери расчистуваа области во близина на исчезнувањето, а беа прегледани бунари, подземни канали и шахти. Хеликоптери ја надлетуваа населбата, а беа претресени и сите куќи во селото. Покрај тоа, полицијата ги проверуваше личните карти на мештаните и собираше информации од можни сведоци.

Апсења и погрешни траги

Во текот на првите денови од истрагата, беа извршени неколку апсења. Полицаец од Бор беше приведен под сомнение дека споделувал доверливи информации од истрагата. Исто така, двајца мажи од Босна и Херцеговина беа уапсени бидејќи лажно тврделе дека имаат информации за исчезнатото девојче и барале 25.000 евра.
Родителите на Данка повеќепати биле повикувани на разговор во полиција, како потенцијални сведоци. На шестиот ден, потрагата се прошири и во Виена, каде што се појави снимка од девојче што личеше на Данка, но подоцна беше утврдено дека станува збор за друго дете.

Откритието: признание и мистерија

На десеттиот ден од потрагата, полицијата објави дека Данка Илиќ е убиена. Осомничените Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ беа уапсени и првично признаа дека ја удриле со автомобил, ја ставиле во багажникот и потоа телото го фрлиле на депонија кај Старобањскиот пат. Меѓутоа, кога истрагата дојде до прашањето каде точно се наоѓа телото, тие одбија да соработуваат.

- Advertisement -
Ad image

Покрај нив, беше уапсен и братот на Дејан, Далибор Драгијевиќ, кој признал дека му помогнал на брат му да го сокрие телото. Тој требаше да биде сослушан во обвинителството на 7 април, но утрото почина во полициски притвор. Лишен од слобода беше и таткото на Драгијевиќ, кој од почетокот одбиваше да даде исказ.

Обвинението и нејасностите

Пред истекот на рокот за поднесување обвинение, судските власти покренаа обвинителен акт против Дејан Драгијевиќ, Срѓан Јанковиќ и Радослав Драгијевиќ. Обвинението беше поднесено на 29 септември 2024 година, шест месеци по исчезнувањето на девојчето.

- Advertisement -
Ad image

Во текот на судската постапка, Дејан Драгијевиќ три пати го менувал исказот, а Срѓан Јанковиќ бил испрашуван четири пати. Обвинението беше потврдено во февруари годинава, но и понатаму нема информации за дополнителните докази или за одлуките во врска со жалбите. Не е познато кога ќе започне судењето, а мистеријата околу исчезнатото тело на малата Данка останува нерешена.

Share This Article