Топ Вести - Слушај сега
Охрид – Случувањата со вработениот во ЈУНП Галичица Охрид преминуваат во фаза во која Националниот парк Галичица може да има сериозни проблеми во работата со ПОНТ, кој е еден од најголемите донатори. За ваквата состојба загриженост изразил и претставникот на ресорното министерство од Владата на РСМ во Управниот одбор на Националниот парк, кој побарал итна разврска на целиот случај со вработениот, како не би дошло до прекин на соработката со ПОНТ.
По сите неосновани обвинувања од страна на вработениот во ЈУНП Галичица Ѓуро Јовчески, редакцијата на Охридска јавно му ги поставува следните прашања, на кои од него очекуваме одговори, а одговори очекуваат и органите на прогон:
1. Злоупотреба на службено возило за хигиеничар
По која одлука вработениот хигиеничар во ЈУНП Галичица се зема од дома со службено возило на установата, се носи во канцеларија, а од таму се носи да ја чисти планинарската куќа во Асанџура со која стопанисува паркот, а ја користиш само ти?(https://www.youtube.com/watch?v=O-QLyj4Kolo&list=RDO-QLyj4Kolo&start_radio=1)
2. Приватни патувања на државен трошок
Дали и со која одлука на Управниот одбор на ЈУНП Галичица, вработениот Ѓуро Јовчески користел службено возило за приватни потреби – патување во Скопје за упис на член на неговото семејство во полициска школа во Идризово?
3. Сомнителни финансиски трансакции
Зошто во 2017 година тогашниот директор Андон Бојаџи изврши промена на твоето работно место, па така од прикажани за закуп на пловни објекти во комплекс Свети Наум од 748.000 денари, по твојата смена прометот се кренал на 3.600.000 денари за ист број на издадени пловни објекти и закупи? Каде завршувала разликата, Ѓуро Јовчески, која не е прикажана?
4. Клевета и малтретирање
Во твоите обраќања преку социјални мрежи, Ѓуро Јовчески, обвинуваш личности и цели фамилии, а за кои личности по твои претставки и тужби утврдено е дека немаат извршено никакви криминални дејствија со правосилни пресуди и обвинителски одлуки. Зарем не мислиш дека ова што ти перманентно го правиш не претставува кривично дело клевета, родово и сексуално малтретирање?
5. Кривична пријава за малтретирање
Дали си известен дека вчера, на ден 04.02.2026 година, од страна на вработена во ЈУНП Галичица до ОЈО Охрид, СВР Охрид и Трудов инспекторат против тебе, Ѓуро Јовчески, поднесена е кривична пријава за стек од сторени кривични дела? Зарем не мислиш дека и таа е мајка на деца, дека и таа има фамилија, или во твојот самозамислен поход на уфилман алфа мажјак можеш да уценуваш, вреѓаш и малтретираш секого?
6. Злоупотреба на скутер на вода
Кој и за чии потреби цивилни лица го управувале скутер на вода сопственост на ЈУНП Галичица? Дали ти си го дал на управување?
7. Криволов на елени
Кој вршел криволов на елени во НП Галичица во твоја смена?
8. Фешти во работно време
Како си дозволил да правиш фешти на Галичица во работно време?
9. Криволов на диви свињи
Ова ли е твоето ренџерство и колку од нив вршеле криволов на диви свињи на Галичица?
10. Уништување на службено возило
Кој го управуваше во пијана состојба и го уништи службеното возило Фијат Панда?
11. Патувања на протести на државен трошок
Од 2017 година колку пати патуваше со службено возило секојдневно на протести во Скопје, подоцна и низ градови низ цела Македонија на државен трошок? Нели тоа е кривично дело?
Редакцијата на Охридска очекува одговори на овие прашања од Ѓуро Јовчески, како и реакција од надлежните институции.
Продолжува
С.Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
