Background

Славниот пар ќе се забавува со денови, можно е и затворање на плоштадите

Дуа Липа и Калум Тарнер ќе се венчаат оваа недела на Сицилија, Италија. Тоа ќе биде нивна втора свадба, по граѓанската церемонија во Лондон, а прославата ќе трае вкупно три дена, како Ивкова слава.

Два градски плоштади наводно ќе бидат целосно затворени за раскошната свадба – Плоштадот Санта Ана и Плоштадот Кроче деи Веспри во Палермо. Полицијата и обезбедувањето се подготвуваат да постават „челичен прстен“ околу плоштадите од четврток до сабота. Сепак, официјалните лица издадоа нејасна изјава тврдејќи дека подготвуваат „демонстративна продукција“, наместо да ја потврдат свадбата.

– Сè е многу, многу забрането. Строго во тајност. Обезбедувањето е приватно, но локалната полиција е вклучена во организирањето на настанот. Плоштадите што ќе се затворат се веќе пешачки зони без сообраќај. Службениците ја измислија оваа „плоштадна демонстрација“ на плоштадите Санта Ана и Пјаца деи Веспри како изговор за поставување бариери и спречување на влез на пешаците“, изјавил извор за The Sun.

- Advertisement -
Ad image

Раскошната свадба донесе и некои строги упатства за жителите на Палермо, од кои наводно било побарано да потпишат договори за доверливост. Наводно, жителите на градот се поделени околу затворањето на плоштадите, а некои од нив на шега прашуваат дали Дуа за возврат ќе одржи бесплатен концерт на плажа.

Свадбата на поп-ѕвездата и актерот предизвика огромен јавен интерес, а некои ја нарекуваат „шоубиз свадба на годината“. Двојката не штедела пари кога стануваше збор за прославата, наводно резервирајќи цел кат од луксузниот хотел „Вила Игиеа“ со поглед на Тиренското Море. Церемонијата ќе се одржи во „Вила Валгуарнера“, најпознатиот имот во Багерија, во близина на Палермо. Палатата Ганги ќе биде централен дел од забавата, која ќе се одржи во сабота.

Се очекува на свадбата да присуствуваат 300 гости, вклучувајќи ги семејството и пријателите, од кои некои ќе пристигнат на островот со приватен авион. Покани за настанот на годината добиле Елтон Џон, Марк Ронсон, Чарли Екс-Си-Екс, Донатела Версаче и многу други.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Boat Galeb Вработување

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation