Скопје се наоѓа на 23-то место според аерозагаденоста на светско ниво, и е трет по загаденост на воздухот во Европа по Сараево кое е на 11-то место и Приштина која е 20-та, покажува табелата на платформата „Ај кју аир“.
Нивото на штетните ПМ честитки измерени денеска во 11:30 часот, изнесува 121 единици поради што не се препорачува излегување надвор на хронично болните и на децата.
Пред два дена Скопје беше најзагаден град во светот, кога, според платформата „Ај кју аир“ во главниот град беа забележани 263 единици штетни честички.