Во Националната опера и балет утре (26 февруари), со почеток во 19 часот, ќе се одржи концертна промоција на пијаното Feurich, донација за Факултетот за музичка уметност (ФМУ) – Скопје од Кочо Анѓушев, во соработка со Австриската амбасада и амбасадорот Мартин Памер, со поддршка на Националната опера и балет и директорот Оливер Арсовски, како и „Пијано центар“.
На концертот ќе настапи светски познатиот пијанист Симон Трпчески, кој е алумни на ФМУ, со реномирани уметници и професори од Факултетот за музичка уметност.