Силвестер Сталоне призна дека сè уште не може да се пензионира, бидејќи треба да ги покрие трошоците за претстојната свадба на неговата ќерка Софија. Осумдесетгодишниот актер се пошегува на оваа тема за време на гостувањето во емисијата „Лајв со Кели и Марк“, но потоа нагласи дека е сериозен.
Водителката Кели Рипа го праша колку пари планира да одвои за свадбата на Софија, која има 30 години и неодамна се сврши со Мајкл Шихан.
– О, човече, речиси ми е непријатно да го кажам ова, но не можам да се пензионирам – одговори Сталоне, пред повторно да ја повтори истата реченица. Кога присутните почнуваат да се смеат, актерот додава: Сериозен сум!
Софија ја објави свршувачката на 28 август, споделувајќи фотографии од романтичното запросување.
– Засекогаш со мојот најдобар пријател – напиша таа покрај фотографиите со Шихан.
Сталоне има само пофални зборови за идниот зет, кого го опишал како одличен човек. Открил и дека Шихан побарал негова согласност пред да ја запроси Софијa.
– Навистина ја побара нејзината рака – раскажа актерот. Кели Рипа се пошегува дека идниот зет сигурно бил преплашен од разговорот со таткото на својата избраничка.
Нејзиниот ководител Марк Консуелос потоа се пошегува на сметка на познатата сцена од филмот „Роки 2“, во која ликот на Сталоне, Роки Балбоа, ја запросува Адријан. Актерот возвратил со уште една реплика од филмот, шегувајќи се дека нема да остава влакна во мијалникот.
Сталоне признава дека Шихан бил многу самоуверен кога дошол да побара дозвола за брак.
– Си помислив: ‘Леле, со среќа, пријателе’ – раскажа актерот низ смеа, додавајќи дека неговата сопруга Џенифер Флавин морала да биде присутна како судија во ситуацијата.
Сталоне и Флавин се во брак од 1997 година и имаат три ќерки – Софија, Систин и Скарлет. Актерот има и два сина од првиот брак со Саша Зак: Серџо и Сејџ, кој почина во 2012 година, на 36-годишна возраст.
Флавин во едно интервју за францускиот магазин „Париз мач“ во 2012 година открила дека Софија најмногу личи на својот татко од сите три ќерки.
– Имаат посебна врска. Размислуваат исто, па дури и гестовите им се исти – рекла таа, додавајќи дека Софија е љубовта на животот на Сталоне.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
