Background

СИЛНО НЕВРЕМЕ ПРЕКИНА КОНЦЕРТ НА СВЕТСКА МЕГАЅВЕЗДА ВО МИЛАНО

Силно невреме проследено со обилен дожд и крупен град го прекина спектакуларниот концерт на светската музичка ѕвезда Бед Бани во Милано, при што околу 80.000 посетители мораа итно да го напуштат концертниот простор. Неколку лица биле повредени од удари на град и им била укажана медицинска помош на самото место.

Концертот се одржувал на хиподромот „Ла Маура“ во близина на Сан Сиро, кога нешто по 21 часот над Милано се спуштила силна бура. Организаторите првично ги повикале посетителите да останат мирни и да почекаат, но временските услови брзо се влошиле, по што, во координација со противпожарната служба, била донесена одлука за целосна евакуација на просторот.

Според италијанските медиуми, најголем проблем претставувале големите зрна град, кои удирале по луѓето додека се обидувале да најдат засолниште. Дел од посетителите се здобиле со полесни повреди на главата, а екипи на итната медицинска помош интервенирале на повеќе места во концертниот комплекс.

- Advertisement -
Ad image

 

Евакуацијата на десетици илјади луѓе поминала без поголема паника, благодарение на присуството на голем број припадници на полицијата, пожарникарите и обезбедувањето. По испразнувањето на просторот, организаторите и службите останале на терен за да ја обезбедат локацијата и да ја проценат штетата што ја предизвикало невремето.

Бед Бани важи за еден од најпопуларните светски изведувачи во моментов, а неговата европска турнеја привлекува десетици илјади обожаватели на секој настап. Концертот во Милано беше еден од најочекуваните музички настани ова лето во Италија и привлече публика не само од земјата, туку и од повеќе европски држави.

Надлежните засега не соопштија дали концертот ќе продолжи во друг термин или ќе биде целосно откажан. Организаторите најавија дека дополнителни информации за билетите и можната нова дата ќе бидат објавени по проценката на последиците од невремето.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation