Најмалку две лица загинаа во силното невреме со поројни дождови, торнада и поплави што вчера зафати повеќе подрачја во Италија, предизвикувајќи колапс на сообраќајот во Рим и Милано, објавија италијанските медиуми.
Една од жртвите е жена која се удавила во својот автомобил додека се обидувала да помине низ поплавен подвозник во Латизана, во североисточниот италијански регион Фриули-Венеција Џулија. Нивото на водата во подвозникот нагло се зголемило и таа не успеала да излезе од возилото, а еден карабинер бил повреден и хоспитализиран при обидот да ја спаси.
Втората жртва е постара жена од Синалунга, во регионот Тоскана, која го изгубила животот откако торнадо ги искршило прозорците од нејзиниот дом, при што искршените стакла смртно ја повредиле.
Поројните дождови и силните ветрови предизвикаа големи поплави во низа италијански градови, меѓу кои и Милано.
Во главниот град Рим, невремето соборуваше дрвја, поплави повеќе метро-станици, ги претвори плоштадите и булеварите во реки и предизвика сообраќаен хаос, со големи доцнења во јавниот превоз и железничкиот сообраќај. Голем број туристи кои сакале да се фотографираат пред Колосеумот, поради поројниот дожд беа принудени да се засолнат и да ја окупираат блиската метро-станица.
Итните служби во Рим вчера реагирале на над 300 повици поврзани со штетите од невремето, а локалните медиуми, меѓу кои и „Рома тудеј“, коментираат дека во главниот град се доволни само 15 минути дожд за ситуацијата целосно да излезе од контрола.
Tagged as:
Силно невреме и поплави ја зафатија Италија
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
