Background

СИЛНО НЕВРЕМЕ ГИ ЗАФАТИ СЛОВЕНИЈА И ИТАЛИЈА

Силно невреме со дождови и ветрови што достигнуваат брзина од 100 километри на час предизвика поплави, свлечишта и големи проблеми во сообраќајот во Словенија и во Италија. Во Италија околу 100 жители биле евакуирани.

Бурата „Чарлс“ веќе трет ден ја погодува Италија, каде што пожарникарите интервенирале повеќе од 340 пати поради поплавени патишта, паднати дрвја и заглавени граѓани, објави италијанскиот „Ил Фато Котидијано“.

Најтешка е состојбата во Тоскана, каде што 124 лица останале отсечени во провинциите Арецо, Лука и Маса-Карара. Околу 100 жители во централна и северна Италија биле превентивно или итно евакуирани.

- Advertisement -
Ad image

Во Тоскана пожарникарите имале повеќе од 190 интервенции, додека во Лигурија биле регистрирани над 80.

Во околината на Џенова, свлечиште оставило околу 20 лица отсечени од остатокот на населбата. Друго свлечиште во местото Караско предизвикало евакуација на станбена зграда. Дел од евакуираните жители ја поминале ноќта во градската библиотека, бидејќи немале друго сместување.

Во делови од Лигурија биле измерени повеќе од 300 милиметри дожд, поради што почвата е силно заситена со вода. Надлежните предупредуваат дека и послаби врнежи можат да предизвикаат нови свлечишта.

Во регионот Марке се излеала реката Метауро, која урнала пешачки мост кај Меркатело и однела патничко возило. Во Урбанија пожарникарите спасиле жена која останала заробена во својот дом.

Проблеми имало и во Базиликата, каде што силниот ветер соборил дрвја и го попречил сообраќајот.

Во Фриули-Венеција Џулија, на границата со Словенија, нивото на морето кај Градо достигнало 139 сантиметри.

Поплавени биле улици во Трст, Удине и Лињано Сабијадоро, каде што ветерот однел и покрив од објект.

 

 

 

 

Италијанските власти издале портокалово предупредување за Тоскана, портокалово за Лигурија и Емилија-Ромања, а жолто за повеќе други региони.

Во Словенија најкритична е состојбата во долината на реката Випава, во југозападниот дел на земјата.

Реката се излеала на повеќе места, поплавувајќи локални и регионални патишта меѓу Випава и Нова Горица, објави словенечката новинска агенција СТА.

Населбата Ренче останала отсечена од вообичаените сообраќајни правци, а пристапот бил можен само преку областа Крас.

Во општината Ајдовшчина биле поплавени три куќи и делови од пречистителна станица за отпадни води.

Кај селото Вртовче се активирало свлечиште кое целосно го блокирало коловозот.

Покрај Випава, од коритата се излеале и реките Колпа, Логашчица, Градашчица, Рижана и Драгоња.

Словенечката Управа за заштита и спасување регистрирала 33 инциденти, а на терен интервенирале девет професионални и 20 доброволни противпожарни друштва.

Агенцијата за животна средина на Словенија издала портокалово предупредување, особено поради опасноста од поплави, силен ветер и свлечишта.

Метеоролозите очекуваат врнежите да престанат до вечерните часови, по што водата постепено би требало да се повлекува во текот на ноќта.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖