Силна бура проследена со пороен дожд вечерта на 14 јуни го погоди Белград, а најкритична е состојбата кај белградската населба Автокоманда, каде кружниот тек речиси целосно заврши под вода.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат автомобили заглавени во вода, додека сообраќајот се одвива отежнато поради големите количини дожд што за кратко време наврнаа врз српската престолнина.
Проблеми се регистрирани и во централното градско подрачје, особено на Булеварот Деспота Стефана, каде дополнителни тешкотии создава и тековната реконструкција на сообраќајницата.
Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија претходно издаде предупредување за силно невреме, а српското Министерство за внатрешни работи испрати СМС-пораки до граѓаните со апел навреме да се заштитат од временската непогода.



