Силен пожар ја зафати шумата во Фонтенбло кај Париз. Околу 400 пожарникари денеска се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија што зафати стотици хектари зеленило и се приближи до куќите.
Пламенот избувнал доцна синоќа во близина на автопат и досега уништил околу 800 хектари шума. Во гаснењето се вклучени два авиона канадери кои собираат вода од реката Сена, како и хеликоптери и извидувачки летала.
Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека се мобилизирани сите расположливи ресурси.
„На жителите на Сена и Марн им изразувам солидарност. На пожарникарите и спасувачките екипи кои работат неуморно им изразувам длабока благодарност“, напиша Макрон на Икс.
Повеќе од илјада жители и туристи биле евакуирани. Градоначалникот на Ле Воду опишал „ѕид од пламен“ кој брзо се ширел и стигнал до првите куќи на работ од населбата.
Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека истрагата не ја исклучува можноста пожарот да бил подметнат.
– Неколку одделни жаришта во радиус од околу еден километар укажуваат на можно подметнување – рече Нуњез.
Пожарот делумно затвори неколку главни сообраќајници околу Париз и предизвика сериозни нарушувања во железничкиот сообраќај. Патниците на станицата Гар де Лион се соочиле со доцнења и до шест часа, соопшти француската железничка компанија СНЦФ.
Властите оценуваат дека размерите на пожарот се исклучителни за северна Франција, каде вакви огнени стихии се ретки. Пожарот избувна во период кога десетици француски департмани се под највисок степен на тревога поради екстремна топлина и суша.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
