Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите”.
Денеска, 16 април, во Истанбул, пред официјалниот почеток на форумот, Сиљановска Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Во петок, 17 април, таа ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија, којшто ќе го модерира Мевлут Чавушоглу, поранешен министер за надворешни работи, пратеник во Големото национално Собрание и шеф на турската делегација во ПС на НАТО. Останати учесници на панелот се: претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, премиерот на Пакистан, Мухамад Шехбаз Шариф, премиерот и министер за надворешни работи на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани и премиерот на Грузија, Иракли Кобахиѕе.
На 5. Дипломатски форум во Анталија, којшто е во организација на Министерството за надворешни работи на Република Турција, под покровителство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, се најавени учесници од 155 земји, меѓу кои 21 шеф на држава и влада, 61 министер, како и десетици парламентарци.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
