Министерството за надворешни работи на Швајцарија соопшти дека очекува, како што претходно беше најавено, утре да почнат преговорите помеѓу САД и Иран во Бургеншток.
– Како што стојат работите, планот е САД и Иран, заедно со медијаторите Пакистан и Катар и другите вклучени земји, да се сретнат утре во Бургеншток за почетни преговори за спроведување на договорот. Моментално нема дополнителни информации за распоредот и деталите за овој состанок, се наведува во соопштението на швајцарското МНР.
Американскиот и иранскиот претседател Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан синоќа од далечина го потпишаа „Меморандумот од Исламабад за разбирање помеѓу САД и Исламската Република Иран“. Со потпишувањето на документот двете страни се обврзуваат дека почнува рок од 60 дена, во кој треба да постигнат траен мировен договор.
Според претходните најави, церемонијата на потпишување на Меморандумот ќе се одржи во планинското одморалиште Бургеншток. Швајцарската влада наведе дека локацијата е под засилени безбедносни мерки и оти се распоредени околу 2.000 војници, а од денеска до 20 јуни забранети се прелети над планината Бургеншток.
Во меѓувреме, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи изјави дека нема да има церемонија за потпишување на Меморандумот.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
