Швајцарската влада денеска соопшти дека поддржува вонсудско решавање на случајот со пожарот во бар во ски-центарот Кран Монтана, што се случи во новогодишната ноќ и во кој во кој загинаа десетици млади луѓе.
Владата во Берн го назначи економистот и поранешен кантонален политичар Лоран Курт за претседател на тркалезна маса која треба да ги обедини жртвите, нивните семејства, осигурителните компании, потенцијално одговорните лица и институциите.
„Курт има богато искуство во управување со сложени процеси со многу засегнати страни“, се наведува во соопштението.
Целта е да се олесни дијалогот и да им се помогне на засегнатите да постигнат вонсудски договори.
Пожарот избувна за време на прослава во барот „Ле Констеласион“, при што загинаа 41 лице, а 80-тина беа повредени, од кои повеќето тешко.
Пожарот настана така што искри од пиротехнички фонтани го запалија сунѓерот на таванот. Сопствениците на барот, Џесика и Жак Морети, како и неколку градски службеници, се под истрага за небрежно предизвикување смрт, телесни повреди и пожар.
Објектот, спротивно на прописите, не бил проверен за противпожарна заштита од 2019 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
