Министерството за финансии ја одзеде лиценцата на финансиското друштво „Креди Јес”, со што практично се става клуч на врата на една од најраспространетите компании за брзи кредити во земјава. Одлуката предизвика бран на реакции, а редакцијата на Охридскај дознава дека ова е само почеток , сличен удар се очекува и врз уште неколку финансиски играчи на македонскиот пазар.
Одлуката следува по спроведен вонреден надзор, инициран по пријава од граѓанин, при што биле утврдени сериозни неправилности во работењето. Од Министерството за финансии засега не откривааат детали за конкретните прекршоци, но потенцираат дека се работи за прекршувања на законските прописи.
Правната основа за ваков чекор е јасна. Согласно Законот за финансиски друштва („Службен весник на РСМ”):
Член 55 – Министерството за финансии може да го одземе одобрението за работа на финансиско друштво доколку друштвото постапува спротивно на одредбите на овој закон, на прописите донесени врз основа на него или на условите под кои е издадено одобрението.
Член 54 – Пред одземањето на одобрението, Министерството може да изрече мерка на предупредување или привремена забрана за вршење на одредени работи, освен кога се работи за тешки повреди кои налагаат итно постапување.
Со одземањето на лиценцата, се затвораат околу 40 филијали на „Креди Јес” низ државата, а без работа остануваат над 100 вработени. Компанијата повеќе нема да може да склучува нови договори за кредити, но ќе продолжи со наплата на веќе одобрените заеми , обврска која произлегува директно од законот.
Согласно Законот за облигациони односи, договорите за заем кои се веќе склучени остануваат на сила до нивното исполнување, без оглед на статусот на доверителот. Тоа значи дека граѓаните мора да продолжат со отплата, но исто така имаат право на заштита на своите потрошувачки права.
Овој потег предизвика неизвесност кај граѓаните кои имаат активни кредити во друштвото. Важно е да се знае следново:
Согласно Законот за заштита на потрошувачи, корисниците на финансиски услуги имаат право на:
Од надлежните институции се очекуваат дополнителни насоки околу начинот на отплата и заштитата на правата на клиентите.
„Креди Јес” беше дел од пазарот на финансиски услуги од 2019 година и важеше за компанија со широка мрежа на експозитури и значително присуство во сегментот на брзи потрошувачки кредити. Одлуката за одземање на лиценцата отвора ново поглавје во регулирањето на овој сектор, кој во изминатите години бележеше брз раст.
Како што дознава редакцијата на Охридскај, случајот со „Креди Јес” не е изолиран. Регулаторните власти имаат ставено под лупа уште едно финансиско друштво со бугарски капитал, кое исто така се соочува со реална можност за одземање на лиценцата. Дополнително, на удар е и уште едно финансиско друштво со седиште во Тетово.
Изворите на Охридскај потврдуваат дека надзорните постапки се во тек, а одлуките би можеле да следат наскоро.
Ред мора да има.
Македонскиот пазар на брзи кредити долго функционираше во сива зона , со лихварски камати, агресивни методи на наплата и нетранспарентни договори. Со засилувањето на надзорот, државата испраќа јасна порака: операторите кои не го почитуваат законот немаат место на пазарот.
За читателите кои сакаат да знаат повеќе, ова се клучните правни рамки:
Охридскај продолжува да ја следи оваа тема. За повеќе информации и ексклузивни вести , следете не на сите платформи.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
