Аца Мартиновиќ (45) од Цетиње, кој на 1 јануари уби 12 жртви, меѓу кои две деца на возраст од 9 и 14 години се скарал со сопственикот на локалот Мирко Вулетиќ (42) поради палењето на бадниковото дрво, но и поради некои жени, тврди жител на Цетиње, пишува српски Курир.
Вулетиќ се пошегувал со Мартиновиќ и го прашал каде годинава ќе се пали бадниковото дрво имајќи предвид дека во Цетиње „владеат“ две црковни струи, српската и непризнатата црногорска.
Мартиновиќ во еден момент почнал да го кажува своето мислење и наводно добил бројни критики врз основа на искажаните ставови што не им се допаднало на останатите гости во кафеаната.