Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип
– Причина за екстромно големата матност за водата за пиење е синоќешното невреме што го зафати пробиштипскиот регион, а хидро-системот Злетовица има потешкотии во работењето и снабдувањето со сирова вода на сите општини што ја користат – посочи Арсовски.
Филтер станицата во Штип во овој момент ја прекина преработката на водата која ја прима од ХС Злетовица поради екстремо големата матност.
-Ние сме во можност да преработуваме матна вода со параметри од околу 50 NTU а во моментов примаме матна вода со над 400 NTU. Екипите на Злетовциа и на ЈП Исар координарно работат за надминување на овој проблем со водоснабдувањето, а од вас граѓаните бараме разбирање и трпение се до надминување на овој проблем настанат како резултат на елементарна непогода, изјави Арсовски.Прашан кога ќе се нормализира водоснабдувањето на градот Штип, тој одговори оти е неблагодарно да се каже кога филтер станицата ќе почне повторно да ја преработува сировата вода. Истакнува дека работат на случајот во интерес да ги заштитат граѓаните за да тие добијат чиста и хемиско-бактериолкошки исправна вода за пиење, но и од друга страна, да го заштитат целокупниот автоматизиран процес за преработка на водата во филтер станицата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
