Шпанските туристички дестинации почнаа да ги намалуваат цените, што е невиден потег од крајот на пандемијата, како одговор на падот на резервациите за шпицот на летната сезона, објавува „Ел Паис“.
-Претпродажбата е доста забавена, а попустите се брз одговор за стимулирање на продажбата – вели портпаролот на голема група туристички агенции.
Хотелите и агенциите со тоа сакаат да избегнат повторување на минатогодишното сценарио, кога рекордно високите цени влијаеја врз бројот на ноќевања на германските и француските туристи. Странските патници, од друга страна, ги одложуваат резервациите со надеж за понуди во последен момент или размислуваат да останат во своите земји поради високите трошоци.
Додека цената на аранжманите за Турска Анадолија се зголеми за 35%, а за Ривиера Маја се зголемија за 12,5%, цените за петте анализирани шпански дестинации – Гран Канарија, Мајорка, Тенерифе, Менорка и Мохакар – забележаа остар двоцифрен пад.
Аранжманот за Мохакар забележа најголема корекција со пад од 23,3% или за 627 евра помалку, по што следуваат Мајорка со 22% (480 евра помалку) и Тенерифе со 20,2% (426 евра помалку).
Новата економска и геополитичка средина, создадена по нападот врз Иран на крајот на февруари, беше одлучувачки фактор во оваа промена.
Зголемувањето на цените на нафтата, враќањето на инфлацијата и експоненцијалното зголемување на трошоците за транспорт на стоки по затворањето на Ормускиот теснец директно влијаеја врз одлуките за купување на трите најголеми пазари на шпанскиот туризам – Обединетото Кралство, Германија и Франција, кои заедно сочинуваат 45% од странскиот туризам.
Марија Хозе Агило, генерален секретар на Федерацијата на хотели на Мајорка, ги припишува намалувањата на агресивните кампањи на туристичките агенции за обезбедување продажба.
-Забавувањето на резервациите е сè уште присутно на германскиот пазар, кој со години опаѓа, но затоа британскиот пазар е многу динамичен, како и скандинавскиот, американскиот и канадскиот. Тука нема намалувања на цените. На Мајорка, цените остануваат стабилни или растат – тврди таа.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
