Шпанската полиција го уапси Доменико Павиљанити, познат како „Дон Мико“, осомничен мафијашки шеф поврзан со калабриската криминална организација Ндрангета. Уапсен е човекот кого италијанските власти со години го бараа низ Европа.
Акцијата била спроведена во градот Сорија, околу 200 километри североисточно од Мадрид, по повеќемесечна заедничка истрага на шпанските и италијанските служби.
Според истражителите, против Павиљанити во Италија се водат постапки за повеќе тешки кривични дела, меѓу кои трговија со дрога, насилни злосторства и перење пари.
За него била издадена европска потерница уште во 2022 година, а доколку биде екстрадиран, го очекува казна затвор до 19 години.
Видео објавено од шпанската полиција покажува како 65-годишникот е спроведен со лисици без да пружа отпор.
Шпанските медиуми пишуваат дека тој со години живеел во Сорија, град со околу 40.000 жители.
Според „Ел Мундо“, бил под заштита на телохранители и водел мирен живот далеку од очите на јавноста.
Ова не е негово прво апсење. Првпат бил приведен во 1996 година, а во Италија бил екстрадиран во 1999 година. По речиси две децении зад решетки бил ослободен поради грешка во пресметката на казната.
Подоцна повторно бил уапсен во Мадрид, но повторно излегол на слобода.
Ндрангета, со седиште во јужна Италија, се смета за една од највлијателните и најбогати криминални организации во светот.
Организацијата беше во центарот на крвавите клански војни во Калабрија во 1980-тите и почетокот на 1990-тите, период во кој загинаа околу 700 луѓе.
Италијанските власти очекуваат постапката за екстрадиција на „Дон Мико“ да започне во наредните денови.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
