Background

ШПАНИЈА РЕСТАРТИРА РУДНИК СТАР 40 ГОДИНИ

Одамна затворениот рудник на ридовите во областа Галиција во Шпанија е на чекор да биде единствениот домашен извор на тантал и ниобиум во Европската Унија, откако компанијата „Енерџи транзишн минералс“ објави дека ја обезбедила регионалната дозвола за ископ. Како современ проект, инвеститорот предност во вработувањето во рудникот „Пенута“ ќе даде на локалното население, нешто што кај нас го ветуваше инвеститорот во рудникот за бакар во Иловица.

– ETM има намера одговорно да го реактивира рудникот, задржувајќи искусен локален персонал, давајќи приоритет на локалното вработување и тесно соработувајќи со Градскиот совет на Вијана до Боло, локалните граѓански и деловни здруженија и производствените сектори низ целиот регион. Реактивирањето на рудникот „Пенута“ ќе генерира опипливи придобивки низ целиот регион – изјави извршниот директор на ETM, Даниел Мамаду.

Слични намери сподели и компанијата „Еуромакс Ресурсис“, кога го најави проектот во Иловица и Штука, а најголеми придобивки би имале Босилово и Ново Село, но и поширокиот струмички регион. Предвидени се 500 директни и над 2.000 индиректни вработувања. Од компанијата тогаш нагласија дека ќе помогнат посебно на локалните кандидати со тоа што ќе организираат и финансираат ефикасни и сеопфатни, теоретски и практични обуки за сите работни позиции, придржувајќи се стриктно на приоритетот за локалните жители од под Огражденскиот и Струмичкиот регион. Исто така, беше потенцирано и дека над три милиони евра ќе се влеваат директно во локалните општини по основ за концесиски надоместок, што претставува 40 проценти зголемување на општинскиот буџет.

- Advertisement -
Ad image

Сепак, додека кај нас инвестиции во рударството не се реализираат, шпанскиот рудник е дел од проектите кои ќе бидат помогнати и од Европската Унија, со цел контитентот да обезбеди сигурно снабдување со критични минерали.

– Европа се активираше, откако со години зборуваше за намалување на својата зависност од неколку далечни добавувачи за металите без кои нејзините индустрии не можат да живеат. „Пенута“ е едно од ретките места на континентот каде што таа амбиција всушност може да се исполни – и тоа наскоро. Оваа дозвола ни го отвора патот за одговорно враќање во живот, со реални придобивки за заедницата во Галиција и за пошироката отпорност на синџирот на снабдување во Европа – додаде директорот на ЕТМ, Даниел Мамаду.

Рудникот се простира на 282 хектари, а минералните ресурси во областа биле експлоатирани од почетокот на 20 век до 1980-тите години. ETM соопшти дека го задржува својот рудник со отворен коп, фабрика за преработка прилагодена на нејзината руда и придружна инфраструктура – остатоци од историска инвестиција од околу 28 милиони евра.

Европа не експлоатира речиси ниту еден од металите што ги поседува шпанскиот рудник, а над 80% од светскиот ниобиум доаѓа од Бразил. Најголемиот дел од танталот се ископува во афричките земји, а преработката на критични минерали е доминирана од Кина. Танталот и ниобиумот се означени како критични суровини од страна на Европската Унија, а сите три метали на „Пенута“ се појавуваат и на листите на критични минерали на САД и Австралија.

Директивата за критични минерали на ЕУ има за цел да ја намали зависноста на блокот од кој било поединечен странски добавувач, поставувајќи таргет дека не повеќе од 65% од годишната побарувачка на ЕУ за стратешка суровина треба да доаѓа од трета земја и се инсистира на обнова на екстракцијата и преработката во Европа до 2030 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation