Background

Шефицата на европската дипломатија е опседната со Русија

Шефицата на европската дипломатија се соочува со растечки критики во Брисел. Дел од дипломатите сметаат дека нејзиниот силен фокус кон Москва ја потиснува пошироката надворешна политика на Европската Унија.

Иронична забелешка од дипломатските кругови во Брисел отвори сериозна дебата за работата на Каја Калас. Според „Политико“, дел од европските дипломати сè погласно прашуваат дали шефицата на европската дипломатија е премногу фокусирана на Русија за да води избалансирана надворешна политика на Европската Унија.

Еден висок европски дипломат ја сумирал критиката со реченица која брзо привлекла внимание во Брисел.

- Advertisement -
Ad image

– Ако ја прашате Калас каде е Африка, таа можеби ќе каже дека е јужно од Русија – изјавил дипломатот, според „Политико“.

Русија како главна призма

Критиките кон поранешната премиерка на Естонија не се нови. Според европски претставници, сомнежи постоеле уште пред таа да ја преземе функцијата висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ во декември 2024 година.

Дел од дипломатите сметале дека Калас е премногу концентрирана на руското прашање и дека тоа може да претставува проблем при водењето на глобалната дипломатија на Унијата.

Нејзината политичка кариера со години е поврзана со цврсти и остри ставови кон Кремљ. Тоа во Брисел се смета за предност кога станува збор за Украина, но според критичарите и за можен хендикеп во други дипломатски области.

Од Кина до Блискиот Исток

Функцијата што ја извршува Калас бара усогласување на ставовите на сите 27 земји членки на Европската Унија.

Според извори на „Политико“, дел од европските функционери сметаат дека нејзиниот стил често создава дополнителни тензии наместо консензус.

Како спорни се посочуваат некои нејзини изјави за Кина, како и споредби поврзани со Израел и со апартхејдот во Јужна Африка.

Критичарите тврдат дека Калас понекогаш настапува како национален лидер, а не како претставник на блок кој мора внимателно да ги координира сите надворешнополитички позиции.

Лавров возврати со навреди

Дополнителни реакции предизвикаа и нејзините изјави од мај за можните услови во идните преговори за Украина. Калас тогаш оцени дека евентуалните воени ограничувања не можат да важат само за Киев, туку и за Москва.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остро реагираше на тие ставови.

– Не сакам да коментирам такви идиотски изјави – рече Лавров.

Тврда линија или политички товар?

Официјално, Европската комисија ја претставува Калас како политичарка која треба да ја направи надворешната политика на Унијата поодлучна и постратешка.

Но внатрешните забелешки што ги пренесува „Политико“ покажуваат дека дел од европскиот дипломатски апарат стравува оти претераниот фокус кон Русија може да ја ограничи способноста на Унијата да води подеднакво активна политика кон Африка, Кина, Индија, Блискиот Исток, Латинска Америка и кон САД.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation