Background

ШАКИРА И ПИКЕ ПОВТОРНО НА СУД Пејачката бара промена на договорот за патувањата на нивните синови

Шакира и нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике повторно се најдоа пред суд во Барселона, четири години по нивната разделба. Двајцата се појавија во Судот за да се разгледа договорот за посети на нивните синови Милан (13) и Саша (11).

По разделбата во 2022 година, Шакира се пресели во Мајами со децата, а тие од април 2023 година живеат таму со неа. Според тогашниот договор, Пике и децата продолжија да се гледаат, што подразбираше и нивни патувања меѓу САД и Шпанија.

Сега пејачката бара промена на тој дел од договорот. Нејзиниот тим нагласува дека не сака да го намали времето што Милан и Саша го поминуваат со својот татко, туку товарот од патувањата да биде поделен меѓу родителите.

- Advertisement -
Ad image

Предлогот е за време на пократките празници Пике да патува во Мајами, наместо децата да летаат преку Атлантикот до Барселона и назад. Според Шакира, со тоа би се избегнале кратките трансатлантски патувања и нарушувањето на ритамот поради временската разлика.

Во соопштението објавено од нејзиниот правен тим се наведува дека целта е децата подолго да ја задржат својата училишна, социјална и семејна рутина, што, според неа, е важно за нивната „емоционална, физичка и академска благосостојба“.

Шакира во моментов престојува во Мадрид, каде што ја одржува својата концертна серија, а за судењето отпатувала до Барселона. Според шпанските медиуми, двајцата се обидувале да постигнат договор и пред рочиштето, но преговорите не довеле до решение. Засега не е познато дали Пике се согласува со предлогот на поранешната партнерка.

Шакира и Пике беа во врска 12 години и никогаш не се венчаа. Разделбата ја потврдија во јуни 2022 година, а во декември истата година го ратификуваа договорот со кој беше овозможено пејачката да се пресели во Мајами со нивните синови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖