Последните денови Хрватска е потресена од случајот со смртта на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш во загрепската Клиника за психијатрија „Свети Иван“. Меѓу познатите личности кои го осудија настанот е и Северина, која со емотивна, но и остра објава побара одговорност од сите инволвирани и изрази сочувство до семејството на починатиот млад човек.
На својот профил на Инстаграм таа сподели неколку негативни рецензии за психијатриската клиника, во кои корисници опишуваат вознемирувачки искуства со оваа здравствена установа.

Поттикната од нивните сведоштва, пејачката го изнесе својот став за случајот што ја потресе хрватската јавност.
– Читајќи ги рецензиите за Клиниката за психијатрија „Свети Иван“, ова не е изолиран случај. Луѓето ги мачеле, ги малтретирале и им нанеле трауми за цел живот, а не знаеме дали имало и други смртни случаи. Обвинение за здружено злосторство за сите што биле присутни во собата, а не ги спречиле тие кретени. Отказ за директорката и обвинение за одговорност! На семејството му изразувам најдлабоко сочувство – напиша Северина.
Таа сподели и објава на граѓанската иницијатива „Време е за промени“, која најави протест на 12 декември поради смртта на Периш, а сподели и видео од интервју со Кристијан кој бил поранешен атлетичар, дипломиран кинезиолог и тренер во парасоборување на рака. Во 2023 година учествувал и на аудиција за хрватското музичко шоу „Суперстар“, во кое Северина беше членка на жирито.
Случајот предизвика големо внимание во Хрватска откако во јавноста се појавија информации и снимки од постапувањето кон младиот човек во клиниката. Четворица медицински техничари се уапсени под сомнение за тешко убиство и им е одреден истражен притвор. Истрагата треба да ги утврди околностите на смртта и одговорноста на инволвираните.
На случајот реагираше и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец Дејан Ловрен, кој оцени дека снимката покажува недозволиво постапување и побара одговорност од сите што имале врска со настанот. Пејачот Марко Кутлиќ призна дека плачел и не можел да спие поради трагичната судбина на човекот кого никогаш не го запознал.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
