Компанија поврзана со Иванка Трамп и со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер почна со реализација на еден од најголемите туристички проекти во Албанија. Но, отворањето на градилиштето не поминало мирно.
Видеоснимките објавени на социјалните мрежи покажуваат турканици и физички пресметки меѓу демонстрантите и обезбедувањето. На едно од видеата се гледа како демонстрант е одвлечен од местото на настанот, додека полицијата не интервенира.
Проектот го развива компанијата „Афинити партнерс“, која претходно беше поврзу вана и со најавите за изградба на Трамп кула во Белград.
Компанијата купила земјиште на островот Сазан, најголемиот остров во Албанија.
Планот е поранешната советска воена база да биде претворена во луксузен туристички комплекс вреден околу 1,4 милијарди евра.
Албанските власти го поддржаа проектот и покрај критиките од еколошките организации и дел од локалното население.
„Лајме јаворе“ претходно напиша дека рокот за изведба бил продолжен до крајот на 2026 година поради тензиите. Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека островот Сазан никогаш не бил заштитетно подрачје освен за војниците во времето на Енвер Хоџа.
Според медиумските извештаи, одморалиштето треба да се гради во близина на заливот Нарта, подрачје познато по ретките растителни и животински видови.
Токму поради тоа активисти и граѓани протестирале против почетокот на изградбата.
И покрај протестите, албанските власти немаат намера да го стопираат проектот.
Според проценките на владата во Тирана, изградбата ќе продолжи според планот, а луксузното одморалиште треба да биде завршено во 2028 година.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
