Background

СЕЛЕНА ГОМЕЗ ПРЕДУПРЕДИ НА ОПАСНОСТИТЕ ОД ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ

Обожавателите на Селена Гомез забележале дека гласот на пејачката значително се променил во последните неколку години, а таа веќе подолго време нема објавено нови песни. Сега таа ја откри причината што стои зад промената – пушењето електронски цигари.

Популарната пејачка и актерка (34) во видео објавено на својот Инстаграм откри дека успеала да се откаже од зависноста од никотин, но дека сега ги чувствува последиците.

– Нема да можам да го сменам својот глас. Претерано користев електронски цигари со никотин – вели таа во видеото.

- Advertisement -
Ad image

Гомез ги предупреди обожавателите нејзиното искуство да го сфатат како опомена, особено оние што размислуваат за првпат да пробаат електронска цигара.

Јасно стави до знаење дека деновите кога користела електронски цигари се зад неа.

– На сите им е познато колку е тешко да се откажеш од никотинот. Мислам дека само сакав да кажам дека, ако минувате низ тоа или дури размислувате да користите електронски цигари, едноставно не вреди – порача пејачката.

Потоа повторно се осврна на својот глас, кој веќе извесно време е тема на дискусии меѓу нејзините обожаватели.

– Тоа ми го промени гласот. Затоа, ако не ви се допаѓа да го слушате мојот глас, целосно ве разбирам. Не ми пречи, едноставно не ме слушајте – рече таа.

Иако е свесна за последиците што ги оставила оваа навика и за можноста дека нејзиниот глас никогаш повеќе нема да звучи исто, Гомез јасно стави до знаење дека сака да се насочи кон позитивните работи. Таа ја истакна својата одлука да престане со користењето електронски цигари и испрати охрабрувачка порака до обожавателите што се обидуваат да се ослободат од сопствените штетни навики.

– Но, навистина сум возбудена што престанав и само се надевам дека ќе продолжам така. Навистина е тешко, но знам како е кога минуваш низ нешто такво. Ужасно е – призна пејачката.

 

Гомез, која се прослави уште како детска ѕвезда, во текот на кариерата отворено зборува за своите здравствени проблеми. Според „Фокс њуз“, во 2014 година ѝ бил дијагностициран лупус, а подоцна открила и дека ѝ било дијагностицирано биполарно растројство. Во меѓувреме, таа била подложена на трансплантација на бубрег и хемотерапија.

Својата посветеност на менталното здравје ја вклучи и во деловните активности, особено преку создавањето на козметичкиот бренд Rare Beauty во 2020 година. Брендот има и фонд што собира средства за услуги поврзани со менталното здравје.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

✖

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

✖

Stop following

Unfollow Cancel

✖

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation

✖