Треба да бидеме задоволни, очекував тежок натпревар и мислам дека Французите воопшто не нѐ потценија. Ова го изјави слекеторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по завршувањето на вечерашниот натпревар против селекцијата на Франција, кој го загубивме со резултат 32:25.
Лазаров рече дека нашите ракометари одиграа квалитетен напревар, со висок ритам, дури и повисок од оној против Холандија.
– Се виде нашето неискуство. Ние имавме предности, но и слабости кои Франција ги откри и ги искористи. Криво ми е за неискористените пенали во првото полувреме, но во секој случај сум задоволен. Сакам само да им честитам на играчите и на стручниот штаб за она што го прикажаа на ова Светско првенство. Можеби можевме повеќе да постигнеме, но за големи резултати треба да се верува, а ние некако како да не бевме убедени – рече Лазаров.