Background

Секое семејство погодено во трагедијата во Кочани за почеток ќе добие 150.000 денари финансиска поддршка

Сите трошоци за лекување на повредените во трагедијата ќе бидат покриени од државата, обзнани портпаролот на Владата Марија Митева на прес-конференција во петокот. Таа рече и дека секое семејство погодено во трагедијата во Кочани за почеток ќе добие 150.000 денари финансиска поддршка.

– Воедно, во овој момент бевме информирани од страна на Црвениот крст дека се прави формално правно усогласување и проценка преку која на сите семејствата кои се погодени од ужасната трагедија за почеток ќе им биде дадена финансиска поддршка во висина од 150.000 денари на секое семејство и истите средства ќе им бидат на располагање за покривање на тековни, дневни, најитни трошоци. Се разбира, ова не е само еднократна помош, екипите на Црвениот крст, СОЗР и Владата контактираат со семејствата на секои 3 часа со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби кои настануваат и се разбира и во идни фази континуирано во зависност од сите поединечните потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив. Правиме сè што можеме за да помогнеме и олесниме во овие тешки времиња. Уште еднаш апелирам и замолувам да бидеме солидарни без шпекулации коишто ќе наштетат на семејствата – изјави Митева.

Во однос на средствата за транспорт и сместување на семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство Митева потврди дека таа обврска ја покрива Владата.

- Advertisement -
Ad image

Портпаролот информираше дека се згрижени 180 лица од семејствата на повредените кои се лекуваат во странство.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation